(ВИДЕО) Синот на Марсело го покажа својот талент и направи „лудница“ во соблекувалната на Реал

731

Малиот син на бразилскиот лев бек од Реал Мадрид Марсело, направи вистинско шоу со првотимците на „Кралскиот клуб“ во таканаречениот „Header challenge“.

Целта беше да си ја додаде топката со глава со секој првотимец на Реал, а на крајот топката да ја внесе во корпа.

Синот на Марсело успеа во тоа и предизвика огромна радост и славје кај играчите на Реал, а како сето тоа изгледаше, можете да видите во видеото кое е во прилог.