Симовски го објави поширокиот список

Селекторот на женската сениорска репрезентација, г-дин Симе Симовски, го објавува поширокиот список на ракометарки за квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2020.

Женската сениорска репрезентација е во група заедно со репрезентациите на Шведска, Чешка и Португалија.

Првиот натпревар на 26 септември (четврток) го играме на гостински терен во Шведска, додека втората средба се игра само два дена подоцна на 28 септември (сабота) во Скопје.