Симеоне со објаснување зошто не се поздравил со Клоп по натпреварот

Атлетико Мадрид прв пат прими три гола како домаќин во натпревар од ЛШ под водство на Диего Симеоне.

Ливерпул победи на „Ванда Метрополитано“ со 3:2, во самиот финиш од средбата, ВАР технологијата им поништи пенал на „душекчиите“, па тие беа крајно незадоволи од таа одлука.

По натпреварот, Диего Симеоне одбегна да се поздрави со Јирген Клоп, а на пресконференцијата го објасни тоа:

Ова беше тежок натпревар против одлична екипа. Тие обично постигнуваат многу голови, но овој пат ги сакаше навистина. Почнаа со силен интензитет и имаа среќа да постигнат два гола од прв обид. Ние не стартувавме како што посакувавме, но откако тие постигнаа втор гол, работите тргнаа подобро за нас. Успеавме да изедначиме подоцна и да имаме доволно шанси за пресврт, но нивниот голман беше одличен“.

„Не заслуживме да загубиме сигурно. Ги натеравме да се бранат како што ретко мораат против некои други екипи. Не го поздравувам секогаш тренерот по натпреварите, затоа што тоа не ми се допаѓа. Не е здраво ни за победникот, ни за поразениот. Јас на тоа гледам така. Но сега, кога ќе го видам, ќе го поздравам без проблеми“, истакна Диего Симеоне.