Симеоне отворено и брутално ја „трола“ Барса: И што велат, го немале Меси?..

Диего Симеоне нема многу разбирање за кризата во која е Барселона по заминувањето на Лео Меси и од кога клубот бележи лоши резултати.

Барселона по 7. одиграни натпревари во Примера, е дури деветта на табелата со три победи, три реми натпревари и еден пораз, но би можела да дојде до 4. позиција доколку го добие заостанатиот натпревар.

Барселона беше поразена пред неколку дена во дербито со Атлетико Мадрид, а Симеоне се обиде да биде духовит на сметка на Барселона поради отсуството на Меси.

Барселона велите го нема Меси? Па, погледнете го нивниот тим, Сержи Роберто, Дест, Пике, Ленгле, Араухо, Алба, Балде има 17 години, Педри, па го видовте ли Гави против Италија? Потоа го имаат Дембеле, Агуеро, Ансу, Де Јонг, Мемфис, Кутињо… па велат останале без Меси? Па ние никогаш го немавме Меси, дајте ви се молам, заобиколете ме со такви оправдувања“, порача Чоло.