Симеоне: Натпреварот ни побегна, но оптимист сум за последното коло

Со синоќешната победа на Милан во Атлетико, тимот на Диего Симеоне е во доста пододредена улога, тие се последни на табелата, дури за неверување, односно на делба на тоа место со Милан, со по 4 бодови.

Во Милан беа свесни дека мора да победат за да ги оживеат шансите да се пласираат барем во Лига Европа, или пак со уште една победа, да дојдат до посакуваното осминафинале.

Оваа група е доста специфична, бидејки Ливепрул е веќе обезбеден со 15 бодови, додека Порто е втор со 5 бодови, само еден повеќе од Атлетико и Милан.

Па затоа тренерот на поразените, Диего Симеоне, се обиде да биде благ во својата анализа и да истакне дека се уште верува во пласман понатаму.

Тоа беше тежок натпревар за нас, имавме доста грешки и Милан тоа го искористи. Во моментот кога им се укажа шанса, ја искористија. Натпреварот буквално ни побегна од раце. Тимот е повреден, бидејки ова моравме да го добиеме. Но оптимист сум дека можеме да ги исправиме работите. И покрај резултатот, имавме некои позитивности во играта, но не успеавме да постигнеме гол. Во ЛШ секој натпревар е комплициран, но јас останувам оптимист. Тимот добро ќе се натпреварува последното коло, мора да се надеваме на пласман понатаму“, истакна Диего Симеоне.