Градското дерби, наречено „Мадрилењо“, сигурно е најпривлечниот двомеч во осминафиналето, во Лигата на шампионите. Првиот натпревар ќе се одигра утре на „Бернабеу“, домот на Реал Мадрид.
Во пресрет на натпреварот, тренерите Диего Чоло Симеоне и Карло Анчелоти, си поделија комплименти на прес конференциите.
– Ќе биде спектакл за Мадрид, за градот, го имаме овој натпревар каде Реал Мадрид игра против Атлетико Мадрид. Спектакл и за Шпанија, бидејќи тоа значи дека шпански тим дефинитивно ќе биде во четвртфиналето и тоа е добро. За сите нас кои ќе учествуваме во натпреварот, треба да уживаме во него, апсолутно да уживаме. Ова е исклучително важен натпревар против ривал кој многу го почитуваме, подготвени сме на се, вели Симоне и додава:
– Отсекогаш сум гледал на Барселона и Реал поради нивната историја и тоа не се смени никогаш. Историите на тие два клуба се неверојатни. А ние растеме на еден чист начин, тоа е прекрасно, рече тренерот на Атлетико.
Атлетико е непоразен во седум последователни дербија со Реал Мадрид, а тимот на Симеоне моментално е во серија од десет натпревари без пораз во сите натпреварувања, односно има само еден проаз на последните 26 натпревари.
– Се сеќавам (зборува за Чоло Симеоне) дека постигна гол за Лацио против Јувентус. Се бореа за титулата, Лацио победи и стана шампион. Мислам дека беше 2000 година. Имам голема почит кон него како тренер. Тој е одличен! Го крена Атлетико до највисокото ниво во Европа. Ми се допаѓа начинот на кој ги чита натпреварите, го води тимот, а исто така и како неговиот тим изгледа дефанзивно поради стратегијата , изјави Анчелоти и додаде.
– Дербито е секогаш исто, тоа е посебен натпревар по емоции и притисок. Така ќе биде и утре. Ќе биде тесно и изедначено, одлуката ќе падне во реваншот. Наша цел утре е да одиграме добро, да создадеме предност, но не размислуваме колку ќе биде голема наа предност.