Силвињо: Мечот со Хрватска ќе биде решавачки

Селекторот на фудбалерите на Албанија, Силвињо, вели дека на утрешниот меч со Хрватска во групата Б, мора да се поправи впечатокот по стартниот пораз од Италија на Европското првенство (ЕП) во Германија.

– Мислам дека на првиот меч имавме мала трема. Ние сме нова екипа иако против Италија не бевме лоши. Се обидовме да освоиме барем бод, но не успеавме.

Мечот со Хрватска ќе биде решавачки. Мораме да се обидеме да забележиме победа иако ќе играме против многу силен противник, изјави Бразилецот на клупата на Албанија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО