Силкеборг е сепак пресилен за Алкалоид

Ракометарите на Алкалоид вечерва по втор пат се поразени сезонава во Лига на Европа, во рамки на 3. коло, овој пат од посилниот Силкеборг.

Противникот на македонската екипа евидентно е посилен и тоа го покажа на терен (23:31).

Избраниците на Кире Лазаров ни одблиску не можеа да ја следат играта која ја наметна данскиот клуб, па на крајот тоа беше убедлив пораз.

Повторно се нижеа техничките грешки во играта на Алкалоид, нешто за кое и самиот Лазаров во минатото нагласи дека тоа мора да се поправи, но повторно паднаа на тој испит.

Во таборот на победниците, најефикасен ракометар беше Лудвиг Халбек со 9, додека кај Алкалоид најдобар беше Џонов со 7 погодоци.