Си замина Роналдо, замина и мотивацијата: Меси не му дал гол на Реал 900 дена!

Утре од 16 часот на Камп Ноу играат Барселона и Реал Мадрид во своето прво Ел Класико сезонава.

Многумина тврдат дека тоа ќе биде последен меч на Лионел Меси против актуелниот првак на домашен терен иако, теоретски е можно овие две екипи да се паднат и во Купот на Шпанија, па и во Лигата на шампионите. Приказната е друга: Меси е во својата последна година од договорот и се наведува на тоа дека претстојното лето ќе ја напушти Каталонија.

Оваа сезона не игра на своето очекувано ниво. Досега постигна три гола во сите натпреварувања и сите три од пенал: по еден во првенството, Лигата на шампионите и и квалификациите за Светското првенство во дресот на аргентинската репрезентација. На крајот на октомври Меси обично имал двоцифрен голгетерски ефект, но сега тоа не е случај.

Особено е интересен фактот дека речиси 2,5 години не ја затресол мрежата на Реал Мадрид иако е најефикасен играч во историјата на Ел Класико. Последниот погодок му датура од 6 мај 2018 година кога на Камп Ноу погоди во 52. минута за водство од 2-1, во мечот кој заврши без победник – 2-2. Оттогаш поминаа 900 дена и шест Класика, Меси играше на пет од нив и помина вкупно 440 на теренот, но не го збогати своето конто. Неговиот пост се совпадна со заминувањето на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид. Откако Португалецот не е член на најтрофејниот шпански клуб, Меси не успеа да постигне гол.