Си отиде од Сити за да игра, Зидан го прецрта!

Кога минатата зима дојде во Реал, Брахим Дијас беше најавен како еден од најголемие шпански таленти и влог во иднината на Реал Мадрид.

За поголема минутажа го напушти Манчестер Сити бидејќи Пеп Гвардиола не сметаше често на него. Сепак, Дијас не размислуваше дека многумина како него завршиле неславно во мадридскиот клуб и мораше самиот да го доживее тоа за да сфати што направил. Последните информации од шпанските медиуми се дека Зинедин Зидан го прецртал 20-годишниот фудбалер и не смета повеќе на него. Во опција е позајмица во Шпанија или некој странски клуб, но за тоа дополнително ќе се разговара.

Има варијанта и за заминување во Милан каде Реал веќе го испрати Тео Ернандес, а Зидан нема ништо против вакво сценарио.