Си даде ли Хамилтон „автогол?“ – Доколку нема почит, тоа од Силверстоун ќе се повтори!

Луис Хамилтон деновиве е критикуван од поголемиот дел од јавноста, која смета дека тој имал сериозно влијание на сударот со Верстапен.

Многумира рекоа дека тој едноставно бил во таква позиција што не можел да исчезме во моментот каде беше позициониран на патеката пред свиокот, но од друга страна, многумина се прашуваат зошто Хамилтон не стисна на сопирачките, пред се поради безбедност на двајцата, затоа што и самиот беше свесен дека е во изгубена позиција и не може да претекне во кобниот свиок.

Но сега самиот Хамилтон тврди дека доколку нема почит од Верстапен кон него, таквиот инцидент ќе се повторува оваа сезона.

Не знам дали ќе имаме нормален однос по овој инцидент. Отворен сум за такво нешто, јас немам проблем со тоа, но не знам како ќе биде меѓу нас идната трка“.

„Тоа ќе биде само една нова трка, во која го продолжуваме ривалството еден кон друг, меѓутоа, потребно е да се има почитување, затоа што доколку го нема, претпоставувам дека такви работи често ќе се случуваат сезонава“, истакна Британецот.