Швеѓанецот освои злато, па ги искритикува домаќините: И Хитлер некогаш организараше ОИ

Шведскиот натпреварувач во лизгање, Нилс Ван Дер Поел, го критикуваше Меѓународниот олимписки комитет, поради тоа што организацијата за ЗОИ им ја додели на Кина.

Освојувачот на златниот медал во брзо лизгање на 10.000 метри, го искритикува ИОК, затоа што домаќинството за ЗОИ е доделено на земја која грубо ги крши човековите права.

Исклучително е неодговорно да се даде организација на Олимписки игри на земја која грубо ги крши човековите права, како што тоа го прави Кина и кинескиот режим“, рече на почетокот Ван Дер Поел и се надоврза:

ОИ се најголем спектакл кој ги собира сите нации од целиот свет. Но да повторам, такво нешто во минатото организирал и Хитлер пред да ја нападне Полска, како и Русија пред да изврши инвазија во Украина“, порача Поел.