Шумахер јуниор: Никогаш не гледав на татко ми како најдобар светски возач

Мик Шумахер признава дека неговиот татко Михаел, кој се уште се опоравува од повредите кои ги заработи при скијање на француските алпи, го научил една многу важна работа во животот.

21 годишниот Мик Шумахер, освен со притисокот со кој се бори, а му е наметнат, се бори и со големата љубопитност на новинарите ширум светот кога е во прашање неговиот татко.

Младиот Шумахер со писмо до јавноста, го спомена својот однос со неговиот татко:

Луѓето во мојот татко ги гле даа само оние делови од спортските магазини и тоа ми е јасно. Тој беше дури пет пати шампион кога јас се родив и тоа е големо постигнување. Но јас никогаш не гледав на него како на најдобар возач во светот. Тој пред се беше мој татко“.

„Тој секогаш знаеше да ми даде корисни совети, но не, неговите лекции не ги земам секогаш при срце. Но како и да е, една од тие лекции добро ја научив, во животот треба да останеме мирни, никогаш да не летнете кон височините“, истакна Мик Шумахер.