Што се случува во Динамо: Адеми побарал трансфер, Чачиќ одбил со образложение

Анте Чачиќ сака да ја врати позитивната енергија во соблекувалната на Динамо Загреб, па организирал тим бидинг.

Но информациите од Загреб се дека капитенот на тимот, Аријан Адеми, побарал трансфер надвор од клубот.

Наводно до Адеми пристигнала понуда од турскиот клуб Аданаспор, од каде се сериозно заинтересирани за македонскиот интернационалец, но новоименуваниот спортски директор на клубот, Анте Чачиќ, му рекол дека не може да замине.

Веднаш по таквиот став на Адеми, клубот му понудил нов договор. Чачиќ  кој е тренер и моментално спортски директор, му порачал дека им е потребен и дека не можат да си го дозволат луксузот да го загубат, па со тоа го погазиле зборот кој претходно му го дале, дека кога ќе реши да побара трансфер, непречено ќе му го дозволат тоа.

Адеми бил директен во својот обид и разговор со Чачиќ, дека сака да го напушти, но едноставно тоа Динамо Загреб за сега го блокира.