Што се случува со шампионот: Шумахер итно примен в болница!

Поранешниот светски првак во Формула 1, Михаел Шумахер во текот на вчерашниот ден бил примен во болницата Помпиду во југозападниот дел на Париз поради итен зафат.

Наводно, не е влошено здравјето на германскиот ас, туку се работи за трансфузија на матични ќелии, а зафатот требал да го изврши Филип Менаш, хирург во болницата. Уште е нејасно дали по ова Шумахер ќе се отвори за јавноста имајќи предвид дека од несреќата што му се случи пред речиси шест години, тој воопшто не се појавил.

Единствените информации за неговата состојба досега ги изнесе поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод кој, како што рече, неколку пати со Шумахер гледал трки во Формула 1.