Што покажа младиот Гринвуд при прославата на голот? Одгатната дилемата!

Манчестер Јунајтед синоќа оствари сигурна победа на гостувањето кај Брајтон, со резултат 0:3.

Уште од самиот старт гостите тргнаа решително кон голот на противникот и тоа беше брзо ефектуирано.

Прв го отвара резултатот Мејсон Гринвуд со една мајсторија на мал простор во 16. минута, за водство на Јунајтед.

Но на фановите не им беше јасно што тој прославуваше, односно со каков симбол и што покажуваше со рацета, нешто како буквата А.

По натпреварот е откриено дека голот кој го постигна Мејсон Гринвуд, го посветил на Анхел Гомеш, неговиот соиграч од Јунајтед, кој скоро извесно заминува од клубот, бидејки одбил да потпише нов договор и скоро извесно ќе ја менува средината, па затоа и Гринвуд ја симболизираше буквата А при неговата прослава.