Што по УС ОПЕН: Ѓоковиќ со коментар за остатокот од сезоната..

Новак Ѓоковиќ изјави дека нема план за завршницата од сезоната, односно дека не е сигурен каде уште ќе игра за оваа календарска година.

Српскиот тенисер се обиде да дојде до календарски слем, но беше запрен од фантастичниот руски тенисер Данил Медведев.

Мислам дека се потрудив да го направам она што малкумина го имаат остварено. Навистина не би знаел што да променам кај себе, навистина дадов максимални човечки напори. Едноставно е, играв против подобар играч денеска, кој имаше подобра енергија и елан за да ме добие“.

„За жал, јас не бев доволно свеж во нозете, ми недостасуваше гориво, тоа беа нијансите кои одлучија. Медведев одлично сервираше, тоа направи разлика и ми ги закомплицира работите“.

На прашање за до крајот на сезоната, дали ќе игра на останатите турнири, Ѓоковиќ истакна:

За во иднина, да ви кажам немам никаков план, апсолутно ништо. Не знам дали ќе играм до крајот на годината воопшто некаде“, истакна Ѓоковиќ.