Што по Алушовски за Вардар: Кој ќе дојде да го препородува ранетиот шампион?!

По завршувањето на обврските сезонава со Вардар, Стевче Алушовски нема повеќе да биде предводник на „црвено-црните“.

Тоа и претходно се насетуваше, па и се шпекулираше, но сега тоа го потенцирал самиот тренер на Вардар.

Тој најавил дека „нема повеќе да го води Вардар“, што е јасен сигнал дека ќе дојде до прекин на соработката и Вардар ќе влезе во процес на барање нов тренер за идната сезона.

Се шпекулира и со доаѓање на добро познатото име во Скопје, Веселин Вујовиќ, но се уште нема ништо поконкретно околу тоа, па времето ќе даде одговор на неизвесноста кој ќе ги води „црвено-црните“ идната сезона и со каков ростер.