Македонскиот ракометен шампион во машка конкуренција, Еурофарм Пелистер има кошмарен старт на сезоната. Од четири можни титули на стартот од сезоната, сосе оние пријателските турнир, освоија само еден што е премал ефект.
Битолчани сезоната, оној официјалниот дел го отворија со три порази од три меча. Останаа без титулата во Супер Купот откако Вардар ги порази (30-26). Потоа на стартот од сезона во ЛШ на домашен терен претрпе висок пораз од Колштад со 9 гола разлика (22-31), а вчера и во првото коло од новата сезона во домашната лига, одновно од Вардар (30-25).
Ако на ова се додадат и двата порази од турнирот Пријателство во Турција (неофицијален Ф4 од СЕХА) тогаш се доаѓа до бројката од 5 врзани порази. Односно ако на Супер Купот на Македонија и турнирот Пријателство се додаде и оној во Добоја се доаѓа до фактот дека „зелено-белите“ останаа без три можни титули на стартот од сезоната. Единствено го освоија турнирот во Охрид по победата во финалето над грчки Олимпијакос.
Од прикажаното на теренот јасно е дека нешто не функционира во таборот на пелистерци. Секогаш вината за лошите резултати се бара на две места – играчкиот кадар или стручниот штаб.
А стручниот штаб на битолчани е приказна сам по себе. На тајм-аутите може да се забележе дека совети делат и Александар Јовиќ и Звонко Шундовски и Бранко Ангеловски. А и за време на мечот исто така крај аут линијата постојано се ротираат тројцата стратези во сугестиите до играчите на теренот. Дали назначување на нов, единствен тренер би било решение за излез од резултатската криза останува да видиме.
Вториот виновник кој влија на лошите резултати секако се самите ракометари. Општ впечаток на јавноста, но и на навивачите на пелистерци е дека клубот слабо пазараше. Се очекуваа звучни и проверени имиња во градбата на тимот, но тоа изостана. Се должна почит до сите нови играчи на клубот, но од прикажаното досега не видовме дека некој двои или носи квалитет плус.
Па се почесто може да прочитаме и слушнеме коментари дека оној минатогодишниот, шампионски тим на клубот бил подобар. И овде има простор за интервенција, мислиме на играчкиот кадар. Финансиите сигурно не се проблем, само треба да се повлечат добри потези. Да се дејствува и корегира на време за да подоцна не биде прекасно.