Штета за Реал: Мане се согласил да се пресели на Бернабе…

Напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане во текот на летото се согласил да стане нов играч на Реал Мадрид, објавија неколку шпански медиуми.

Тој имал контакт со Зинедин Зидан пред неколку недели и порачал дека нема никакви проблеми да се пресели на Бернабе. Задоволен бил од она што му го кажал францускиот стручњак и на трансферот во Реал гледал како на нов предизвик во кариерата.

Сепак, Јирген Клоп и раководството на Ливерпул категорично ја отфрлиле оваа можност и порачале дека Мане не е на продажба за каква било отштета. Со оглед на тоа што веќе е завршен преодниот рок во Англија, тешко дека сега „црвените“ ќе се премислат и откажат од својот играч.