Штербик: Ми недостасува освојувањето на титули!

Голманот кој пред сезона и половина се раздели со европскиот шампион Вардар, сега во интервју за СЕХА Газпром лигата, признава дека му недостасува освојување на титули.

Тој веднаш по Вардар, се врати во својот Веспрем, каде и претходно во еден мандат бранеше од 2001 до 2004 година.

Штербик беше дел од онаа прва титула на Вардар во 2017 година, а во последното финале каде Вардар повторно беше шампион, Штербик беше дел од Веспрем, кои беа поразени во финалето.

Ми недостасува освојувањето титули, но тоа е спортот“, истакна Арпад Штербик за Газпром лигата.