Шпанците откриваат – Валверде вечерва добива отказ?!

Ернесто Валверде се соочува со отказ, а би можел да го добие веќе вечерва.

Според шпански „АБЦ“, Жозеп Бартомеу веќе донел одлука да го замени тренерот, а Валверде веќе вечерва би можел да стане минато.

Доколку Барселона на „Камп Ноу“ не ја победи Селта, управата на Барселона наводно ќе го разреши Валверде од неговата должност. Замената би бил некој од стручниот штаб додека не се најде адекватно решение.

Роналд Куман и Марсело Гаљардо во последно време најмногу се споменуваат како замени за Валверде.

Холанѓанецот има клаузула според која може да ја напушти репрезентацијата на Холандија ако добие повик од Барселона, а во другиот случај, Гаљардо има многу важен дел од сезоната со Ривер Плата и не сака во моментов да се деконцентрира со Барселона додека не заврши финалето од Копа Либертадорес против Фламенго.

Како и да е, Валверде е се поблиску до излезните врати, прашањето е само дали ќе ја преживее оваа ноќ.