Шпански тенисер суспендиран на осум години поради местење

Шпанскиот тенисер Енрике Лопес суспендиран е денеска на осум години поради местење мечеви во 2017 година.

Единицата за интегритет во тенисот соопшти дека Лопес во текот на суспензијата не може да игра ниту да присуствува на ниту еден официјален турнир. Тој исто така е казнет и со 25.000 долари.

Како што се наведува, три обвиненија за местење мечеви се докажани, а две не се. Не е наведено за кои мечеви и турнири станува збор.

Најдобриот пласман во кариерата 29-годишниот Лопес го оствари во 2018 година, кога беше 154. тенисер на светот во сингл конкуренција на АТП листата. Најдобриот пласман во дубл му е 135. место.