Шпанија разочара на отварањето на Олимписките игри – повредите и направија голем проблем

Фудбалскиот турнир на Олимписките игри денес беше официјално отворен со натпревар помеѓу Египет и Шпанија.

Шпанија пристигна во Јапонија како главен фаворит за освојување на златниот медал, но на првиот натпревар против Египет, тие навистина не ја оправдаа таквата улога.

Имено, натпреварот што се одигра во Сапоро заврши без голови, што секако е одличен резултат за Египќаните.

Да бидат работите уште полоши за Шпанците, Оскар Мингуеза и Дани Себаљос се повредија и го напуштија теренот во првото полувреме, а не е познато до кога ќе отсуствуваат.

Црвената фурија не импресионираше премногу со својата игра на денешниот натпревар, иако многумина очекуваа дека лесно ќе стигнат до трите бода.

Првата голема шанса на натпреварот ја видовме во 28. минута кога Себаљос шутираше од дваесетина метри, но топката ја погоди стативата.

Во второто полувреме, Шпанците го контролираа темпото на игра, но Египќаните добро бранеа. Црвената фурија можеше да победи во 88. минута кога Педри имаше шанса по центаршут, но неговиот удар го одбрани египетскиот голман.

До крајот на мечот, Шпанија не успеа да се закани кон противничкиот гол, па на крајот остана 0: 0. Во оваа група се и Аргентина и Австралија, кои својот натпревар го играат од 12:30 часот.