Шпанија преку Словенија закажа финале со Хрватска

Шпанија е вториот финалист по Хрватска на ракометното ЕП 2020 откако во полуфиналето славеше  над Словенија со резултат од 34-32

Словенците добро го отворија мечот откако поведоа со 0-2, но во продолжение Шпанците беа тие кои доминираа на теренот. Го сврте резултатот и за првпат поведоа при 4-3, во меѓувреме Словенија на два наврати поведуваше со по еден разлика при 5-6 и 6-7, но тоа беше се од нив.

„Црвената фурија“ веќе по првото полувреме на паузата заминаа со +5 (20-15). Во второто полувреме дојде и до +6, по што селекторот на Шпанија започна да ги ротира ракометарите.  Словенците ја искористија опуштеноста и комотноста кај Шпанија, па со голот на Доленац на минута до крајот дојдоа до -1(33-32). Но Ентрериос погоди во последните секунди и донесе победа и финале.

Фернандеш, Душебаев и Ентрериос со по 6 гола беа најефикасни кај Шпанија, додека кај Словенија најефикасен со 7 погодоци беше Доленец.

Натпреварот за златниот медал помеѓу Хрватска и Шпанија е закажанаод 16:30 часот в недела, а се игра во „Теле2 Арена“ во Стокхолм.