Шпанија не успеа да победи, но Серхио Рамос е големиот херој на денот

Репрезентацијата на Шпанија го расипа перфектниот ефект во квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а со тоа и не успеа да го запечати пласманот на него.

На гостувањето кај Норвешка одигра 1-1 иако до 90. минута имаше водство со голот на Саул Нигес. Домаќинот доби пенал и Кинг и донесе бод на Норвешка кој најверојатно нема да помогне многу во обидот на оваа земја да се врати на големите натпреварувања.

Сепак, најголемиот херој од овој меч е капитенот Серхио Рамос кој го одигра 168. меч за репрезентацијата и стана рекордер, надминувајќи го Икер Касиљас. Со оглед на тоа што има 33 години, фудбалерот на Реал би можел да стигне и до бројката од 200 настапи во националниот тим, само ако одлучи да остане во него барем до Светското првенство во Катар.