Шпанецот делува непобедливо: Неверојатниот Маркез славеше и во Австралија

Марк Маркез славеше на Големата награда на Австралија која се возеше на патеката „Филипе Ајленд“.

Шпанецот до петтата последователна победа, односно 11. во сезоната стигна така што на почетокот од последниот круг го претекна Маверик Вињалес.

Вињалес на крајот и не ја заврши трката бидејќи направи грешка по губењето на првата позиција, па подиумот го комплетираа Кал Крачлоу и Џек Милер.

Инаку, трката ја поведе Валентино Роси кој на крајот заврши на осмото место. Маркез беше резервиран во првата половина од трката, за во финишот да тргне по 81. победа во кариерата и на крајот да дојде до истата.

Следната трка во Мото ГП на програмата е веќе следниот викенд и тоа во Малезија.