Десетици илјади фанови низ Аргентина се простуваат од големата фудбалска икона, Диего Армандо Марадона, кој почина од срцев удар на 60 години.
Многу жалење постои од луѓето пред се кои беа во негова близина, а со тоа се појавија и проблеми околу неговиот погреб, од каде протекоа фотографии со мртвото тело на Марадона.
Во сето тоа, неговиот агент Стефано Сеси истакна дека Марадона посакувал да умре, што е само по себе шокантно тврдење.
„Диего беше секогаш сам, во него гледаа само фудбалска икона. Тој тешко се бореше со приматот на славен играч и легенда. Беше многу чувствителен, но и несигурен. Имав 20 години со него, преубаво време на кое со задоволство ќе се присеќам“.
„Но тој последниот период како сам да се предаде физички и психички. Мислам дека беше уморен и дека само сакаше да умре и да остави се зад него. Дури и кога е мртов, луѓето околу него ќе си ги вадат очите едни со други. Диего сега го најде својот вечен мир“, порача Сеси.