Шокантно признание на руската тенисерка: Лезбејка сум, во Русија многу нешта не се дозволени

Руската тенисерка Дарија Касаткина, изјави дека е лезбејка во интервју за јутуб каналот на спортскиот новинар Витје Кравченко.

25 годишната Касаткина моментално е 12-то пласирана на ВТА листата, а поради тоа што ја претставува Русија, на Вимблдон не и беше дозволен влез.

Дали имам девојка? Да, тоа е табу тема во Русија, како и во многу други земји. Често луѓето зборуваат за нашата определеност, па тоа е смешно. Ако постои избор, животот ќе биде многу подобар“.

„Во Русија не можам да се држам со партнерката за рака, никогаш нема ни да можам, така стојат работите. Мислам дека околу СП во фудбал постоеше некоја таква тенденција, но нема ништо од тоа. Тешко е да се живее скриен од останатите, во орманот“, порача Дарија Касаткина.