Шокантниот момент: Кога велосипедист усмрти човек на лице место

За време на велосипедската трка „Трофеи Кастелфидандо“, дојде до инцидент од непосакувани размери.

Велосипедистот Никола Венкјурати, удри еден човек покрај патеката, а на крајот епилогот беше најлош можен – од ударот, човекот починал.

Се покажало дека несреќниот човек е Стефано Мартолини, спортскиот директор на тимот Вирис Вигевано.

Стефано итно бил транспортиран со хеликоптер до болница, но лекарите морале на крајот да констатираат смрт кај лицето.