Шокантни тврдења на хрватската тенисерка: Што се се прави зад големата тениска сцена

Хрватската тенисерка Маријана Дражиќ, во јавноста изнесе шокантни информации, кои за по упатените во „белиот спорт“ можеби и не се така шокантни, но за пошироката јавност сигурно.

Дражиќ зборуваше за непријатните ситуации во кои се наоаѓала за време на натпреварувањата и турнирите.

Бев на еден турнир, а собата ја делев со пријателка, поради трошоците. Меѓутоа, за време на турнирот, открив дека доста тенисерки го сакаат истиот пол, што беше случај и со мојата пријателка. Јас тоа го одобрувам, бидејки немам ништо против, но влегов во љубовна тројка или тријаголник незнаејки за тоа, затоа што мојата пријателка реши да ја направи љубоморна нејзината партнерка“.

Но хрватската тенисерка не застана на тоа, отиде чекор понапред и открива што се случува зад тенискиот параван.

Во тениските кругови се брзо се дознава, така да можам да кажам дека повеќе од тенисерките, за што побргу да дојдат до некоја успешна кариера, спијат со директорите на некои од турнирите или се преправаат како нивни девојки, со цел да им обезбедат повик или бесплатно сместување, што е апсолутно гнасно. Кај мене, за среќа, такви понуди досега не постојат“, рече Дражиќ.