Шокантна вест од Лондон: Му откажа срцето среде борба

Вознемирувачка вест ни доаѓа од Лондон, каде кечерот познат под името Цезар Барон, починал среде борба пред стотици фанови во Раундхаус во Кампден.

Мексиканецот познат под прекарот Силвер Кинг, или сребрениот крај, за време на шоуто, останал да лежи на подот, а подоцна е објавено дека добил срцев удар.

„Се одеднаш застана и вториот борач почна да го реанимира. Беше страшно, сите беа евакуирани, а итната помош дојде по 20 минути“, зборуваше еден од све доците.

Барон беше голема ѕвезда во својата земја, во 2005 година имаше и улога во филот Начо Либре во која што настапи со познатиот комичар Џек Блек.