Шокантна елиминација и кај дамите: Најдобрата елиминирана од АО

Најдобрата тенисерка во светот во моментов, Ига Швјонтек, го заврши учеството на Австралија Опен на почеток од новата гренд слем сезона.

Полската тенисерка шокантно е елиминирана во осминафиналето од казахстанската тенисерка Елена Рибакина со 2:0 (6:4,6:4).

Во моментов таа е 25. тенисерка на ВТА рангирањето, а во следното коло ќе игра против тенисерката Јелена Остапенко од Летонија.

Ова досега кај дамите е најголемо изннеадување, а Швјонтек беше поразен по скоро 90 минути игра. Рибакина беше одлична уште од самиот старт, во првиот сет и го одзема сервисот на ривалката и заслужено дојде до 1:0, добро го отвори и вториот сет, а Швјонтек немаше решениеза нејзината игра.