Шок за УФЦ: Хабиб заминува во пензија!

Фантастичниот дагестански борец во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов би можел наскоро да ја заврши својата професионална кариера.

Тој се натпреварува во лесна категорија и уште не е поразен (28-0), а следен предизвик ќе му биде Тони Фергусон на 18 април. Тоа ќе биде прва од неговите три последни борби.

„Сметам дека е вистинско време Хабиб да ја заврши кариерата идната година. До крајот ќе има најмногу уште три борби, две се речиси сигурни, евентуално ќе има трета“, изјави Абдулманап кој е и тренер на својот син.

УФЦ прави сериозни напори пред крајот на кариерата Хабиб уште еднаш да се бори со Конор Мекгрегор, но уште нема таква најава.