ШОК за Србија: Без „ѕвездата“ на Мундобаскетот во Кина

Црните најави се покажаа како вистините – Србија во Кина на Светското првенство ќе настапи без првиот плејмејкер, Милош Теодосиќ

Тој се повреди на саботниот меч со Литванија, ја обнови повредата. Иако првично личеше на воспаление, дополнителните прегледи утврдиле дека се работи за пукање на тетивата, па му следи подолга пауза за заздравување.

Како што е познато Мулош цела мината полусезона ја помина надвор од натпреварувачки ритам по заминувањето од НБА. Се посвети на индивидуална работа и пронаоѓање клуб, што на крај беше Виртус.

Теодосиќ поради истата повреда веќе паузираше и тоа два пати додека играше за ЛА Клиперс.