Шок за навивачите на Роналдо: Тој сака момчиња!

Украинецот Пјотр Листерман даде големо интервју за украинскиот портал Gordonua.com во кое изнесе шокантни информации за еден од најдобрите фудбалери на денешнината Кристијано Роналдо.

Листерман е човек кој од Русија и Украина носи девојки во светот на славните. Класичен макро кој работи за руските олигарси, но и богатите луѓе од цел свет. Во 2010 година тој ги споил Кристијано Роналдо со Ирина Шајк, па тоа е тема и на неговиот последен коментар кој предизвика шок.

„Да, јас ја завршив таа работа. Нему му требаше параван, а на неа популарност. Тој сакаше момчиња, но не сакаше да ги разочара фановите“, откри Листерман.

Сепак, тој не исклучува дека е можно Роналдо и Шајк подоцна навистина да се вљубиле со оглед на тоа што пет години беа заедно. Во 2009 година Португалецот беше обвинет дека силувал девојка во САД, а последните години живее мирен семеен живот со Георгина Родригес и има вкупно четири деца.