Шок во Индијан Велс: Ѓоковиќ елиминиран во третото коло!

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го заврши својот настап на првиот Мастерс во сезоната откако во третото коло доживеа пораз од Филип Колшрајбер со 0-2 (4-6, 4-6).

Натпреварот требаше да се одигра во понеделникот, дури и почна, но беше прекинат во вториот гем поради дожд. Синоќа на Ѓоковиќ не му одеа многу работи, делуваше исрцпен и без енергија и тоа беше еден од неговите најлоши натпревари во последната година. Колшрајбер го реши првиот гем благодарение на брејкот во седмиот гем, а во вториот имаше два брејка предност пред Ѓоковиќ да врати еден од нив.

Сепак, тоа не беше доволно и германскиот тенисер обезбеди пласман во осминафиналето каде ќе игра против Гаел Монфис. Ѓоковиќ ќе има две недели одмор пред вториот Мастерс што се игра во Мајами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Ѓоковиќ повторно ги собра овациите од гледачите поради потегот со момчето

Федерер лут на организаторот во Рим: Зошто не приморувате да играме на вакви услови?

Тони Надал го знае лекот за Кирјос – на комичен начин го искоментира бунтовникот од Австралија

Надал го растури Вердаско и се пласира во полуфинале – оди на 9 титула во Рим

Федерер му предаде меч на Циципас, но во Рим разочарани од начинот на кој Федекс ги известил

(ВИДЕО) Кирјос пак го фати лудилото – почна да фрла столици на теренот

ВИДЕО: Мега глупост на Кирјос – фрли столче и го напушти теренот

Кирјос со доста остри тонови за Ѓоковиќ: Доколку на следниот меч го победам, знам како ќе славам!

Надал: Федерер нема што да бара на Ролан Гарос!