Четирикратниот шампион во Формула 1, Себастијан Фетел објави дека ја вози својата последна сезона и на крајот од 2022 година ќе ја заврши својата кариера.
Како причина за ваквата одлука ја наведе желбата да поминува повеќе време со своето семејство. Ќе остане запамтен како најмлад шампион во Формула 1 и човекот што од тронот го симна тогашниот владетел Фернандо Алонсо. Сите четири титули ги освои со Ред Бул, но и покрај големите очекувања, не успеа да повтори ни дел од успесите како возач на Ферари.
И покрај тоа, се уште е рекордер по бројот на победи во една сезона бидејќи во 2013 година оствари 13 триумфи, а две години претходно имаше дури 15 пол-позиции. Неговиот рекорд од девет победи во низа во 2013 година се уште е недопирлив за конкурентите.