ШОК: Вардар суспендиран од Првата лига

Се чини не се само ракометниот и фудбалскиот клуб на Вардар кои ги тресе финаниска криза. Во таква ситуација се најдоа и двата одобојкарски клуба, машкиот и женскиот.

Иако одбојкарските клубови не се во сопственост на Сергеј Самсоненко кој што е газда на ФК и РК Вардар, сепак и таму има проблеми.

Имено по вонредната седница на Извршниот одбор (ИО) на ОФМ е донесено одлука ОК Вардар и ОК Вардар Жени 2019 Скопје да се суспендират од понатамошниот тек на првенството. Одлуката важи се до подмирување на финансиските обврски кон ОФМ.

Имено машкиот клуб ја нема платено котизацијата во висина од  435.900 денари, додека женскиот 114.950 денари.

Исто така клубто должи и за сертификати за играчите кои пристигнаа од странство ви вистина од 3200 евра.