ШОК: Вардар останува без Ф4 во СЕХА

Македонскиот ракометен првак Вардар иако избори пласман на завршницата од СЕХА лигата, сепак нема да настапи.

Причините за тоа се што во редовите на „црвено-црните“ се регистрирани случаи на позитивни на корона вирусот.

Па така властите во Хрватска на нашиот тим не му дозволуваат да замине од Загреб за Задар каде што ќе се одржи Ф4 турнирот.

Ова секако е голем удар и воедно разочарување како за ракометарите, така и за навивачите на Вардар.