Шок од Шпанија: Надал се предава без борба, нема да игра на завршниот Мастерс!?

Новак Ѓоковиќ по се изгледа ќе ја заврши сезоната како лидер на АТП листата, ако се потврдат информациите од Шпанија дека Рафа Надал нема да игра на завршниот Мастерс во Лондон кој почнува в недела.

Надал се повлече од Мастерсот во Париз поради повреда на стомачните мускули, но и претходно беше јасно дека ќе застане на првото место на АТП листата. Конечната одлука за тоа дали ќе игра во Лондон ќе ја донесе утре, на ден пред одржувањето на ждрепката.

Ако Надал се откаже, неговото место ќе го пополни Роберто Баутиста Агут. Во пресрет на последниот турнир од сезоната, Шпанецот има 640 бода предност што не е ништо за Ѓоковиќ ако се знае дека сите бодови од Лондон ќе влезат на неговото конто. На завршниот Мастерс се игра по лигашки систем, секоја победа во групата носи 200 бода, во полуфиналето 400, а во финалето 500. Тоа значи дека во најдобар случај еден тенисер може да освои 1.500 бода.