Шок од Португалија: Срцев удар го покоси Касиљас

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас утрово бил примен во болница од последици од срцев удар, објави весникот Марка.

Докторите му направиле катетеризација и засега тој е во добра состојба, а најважно е што неговиот живот не е во опасност. Сепак, сигурно е дека до крајот на оваа сезона нема да се врати на голот на Порто.

Нема да биде чудо ако ова означи и крај на кариерата на 37-годишниот голман бидејќи е прашање дали неговото срце може да ги издржи напорите што ги носи професионалното играње фудбал.