Шок од Париз: Надал не само што нема да игра на Ролан Гарос, туку ја завршува кариерата

Рафаел Надал на денешната пресконференција објави дека нема да учествува на Ролан Гарос, бидејки повредата не е санирана, но уште пошокантно за неговите фанови е тоа што тој веројатно повеќе нема да игра тенис.

Прашање е дали ќе може да игра до крајот на сезоната, па затоа остави простор за неизвесност, но повеќе од јасно е дека неговата кариера е скоро завршена.

Овде доаѓам со причина, повредата од Австралија не е залечена на вистински начин. Имав цел да играм на Ролан Гарос, но за жал, тоа е невозмомно. Овде играм многу години и овој турнир за мене значи многу“.

„Не ја донесов оваа одлука сам, туку моето тело. Сакам да ви кажам дека немам намера да играм во следните неколку месеци. Овие неколку години беа за мене тешки. Резултатите беа добри, но телото даваше сигнали дека нешто не е во ред. Ми се случуваа повреди по повреди, иако имав убави моменти, ова за мене е тажен момент. Морам да мислам на своето тело, нема да зборувам околу датумот на евентуалното враќање. Се надевам дека ќе се вратам до крајот на годината, дека ќе можам да играм на Дејвис купот“, порача Рафа Надал.

Рафа Надал повлекувањето го најави во момент кога е изедначен со Новак Ѓоковиќ по бројот на гренд слем трофеи, што скоро извесно најавува дека до крајот на годината, српскиот тенисер веројатно ќе биде најтрофеен.