Познатиот кениски атлетичар Хосе Мвок Мачаринјанг, е пронајден мртов во продавница во рамки на неговата семејна куќа, јавија утрово медиумите во Африка.
Мачаринјанг инаку некогашен трикратен светски шампион во крос, инаку специјалист на трки до 10.000 метри.
Учествуваше на вкупно пет светски првенства и освои три златни медали во крос (2006, 2007, 2008).
Неофицијалните извори од Африка велат дека атлетичарот се самоубил, односно обесил, а неговите најблиски се во тотален шок од потегот на Хосе, бидејки ништо не го најавувал овој потег.
Кенискиот атлетичар не се натпреварува од 2012 година.