ШОК: Член на Јунајтед заврши во болница откако се предозирал на припремите во Австралија

Австралиските медиуми утрово пласираа екслузивна вест поврзата со Манчестер Јунајтед. Имено се пренесува дека член од експедицијата на „црвените ѓаволи“ која е на подготовки во Перт заврши итно во болница.

Првичните неофицијални информации велат дека лицето, маж на возраст од околу 50 години било предозирано.

Оваа информација ги потресе сите во Јунајтед кој се наоѓа на турнеја во Автралија каде е предвидено да одигра неколку контролни дуели.

Од Јунајтед не откриваат детали и само соопштија дека во хотелот каде што престојуваат, му се слошило на човекот.

Според пишувањата на медиумтие се работи за маж на возраст од околу 50 години и првите сомнежи се дека тој се предозирал, но сега е во стабилна состојба.

Од болницата во која е примен членот на персоналот на Манчестер јунајтед се уште се немаат огласено, и во моментов не е јасно дали предозирањето настанало поради конзумирање на недозволени дроги, препишани лекови или поради некоја медицинска состојба.