Фудбалерите на Шкендија остануваа и натаму на европската сцена и тоа како единствен македонски претставник откако го помина второто квалификациско коло во КЛ.
Во ревеш дуелот со словенечкиот Браво, тимот на Шкендија со пресврт дојде до победа со 3-1. Така тетовци ја анулираа негативата од првиот меч во Љубљана што го загубија со 1-2.
Првата опасност беше пред голот на словенечкиот тим.
Во 10.минута по уфрлувањето од левата страна, во последен миг пред Ндзенгуе интервенираше Камерунецот, Халилу.
Со прекрасен гол од 16 метри, ја казни Станковиќ, за водство на Браво од 0- 1.
Сепак тоа тетовци не ги поколеба. Тие продолжија со офанзивната игра и создавање на шанси а конечно материјализира во 38- та минута.
По нафрлувањето на Исламот, гостинскиот фудбалер Гашпер Јован несреќно ја погоди својата мрежа за израмнување на 1-1.
Во вториот дел македонскиот вицепрвак го започна фантастично.
Во 50,минута Шкендија дојде до водство од 2-1. По акцијата од десната страна и одличното нафрлување на Тамба, на вистинското место се најде Круезиу кој со глава ја зави топката во мрежата на гостите.
Само пет минути подоцна Ндзенгуе имаше шанса зголеми на 3-1. Небранет од никој од 5-6.метри биеше со глава, но само во стативата на голот на Браво.
Ѓорѓиевски и тоа во 88.минута кога со глава погоди за 3-1.
Во 3.коло квалификации Шкендија ќе играат против Хибернијан од (Шкотска), Поблиску до пласман понатаму е шкотската екипа која води со 4-0, откако првиот меч го загуби со 0-2.