Шкендија оди во Луксембург, ама далеку од тоа дека ќе и биде лесно

Можеби едно време постоеше општо мислење дека клубовите од Луксембург се слаби и дека немаат шанси во европските купови, но од лани ситуацијата е драстично променета.

Следна станица на Шкендија ќе биде токму оваа мала држава бидејќи во следниот круг од Лига Европа ќе се сретне со Дуделанж. Тоа е клуб кој пред повеќе од 15 години играше со Вардар во квалификациите за Лигата на шампионите и нашиот најтрофеен тим победи со вкупно 4-1.

Во меѓувреме работите се сменија, Дуделанж лани играше во групната фаза од Лигата Европа и може да се пофали со таков успех, за разлика од тетовскиот клуб. Во групната фаза ги елиминира косовска Дрита, полска Легија и романски Клуж, а во групата Ф го освои последното место во конкуренција на Бетис, Олимпијакос и Милан.