Ширер ги предупреди во Тотенхем: Ќе го загубите Кејн, доколку…

Во една од последните емисии кои одат на БиБиСи, Алан Ширер, зборуваше за ситуацијата со Хари Кејн, односно дека луѓето во Тотенхем мора да бидат свесни дека наскоро доколку не освојат нешто, Кејн ќе си замине.

Хари Кејн периодов беше надвор од теренот поради големата повреда која ја заработи пред извесен период, но сега е најавено дека доколку се игра фудбал на крајот од сезоната, тој сепак би можел да биде фит за натпреварите на „петлите“.

Но Ширер кој е неприкосновено прв стрелец на сите времиња во историјата на Премиерлигата, смета дека Тотенхем може да го загуби овој фудбалер.

Претпоставувам дека доколку не освои ништо во следните 12 месеци, тогаш тој може да си замине. Ќе се обиде уште во една сезона, а доколку ништо не се случи по тоа прашање, тогаш тој ќе замине“, истакна Ширер.

Ова е како совет за луѓето во Тотенхем, кои ова лето ќе мора сериозно да се засилат и зависно од тоа како ќе заврши тимот на табелата, можеби ќе е потребна и промена на нов менаџер, па со нова концепција и нов тренер од новата сезона да бркаат успех.