Шифрин е победник на слаломот во Леви

Американската скијачка Микаела Шифрин е победничка на првиот сезонски слалом во Светскиот куп што се одржа во Леви, Финска.

Шифрин, која беше трета по првата трка, славеше со резултат 1:51,25 минути и со тоа стигна до својата 75-та победа во Светскиот куп.

Американката е за 0,16 секунди беше побрза од второпласираната Швеѓанка Ана Свен Ларсон

Олимписката шампионка и минатосезонска шампионка во слалом во Светскиот куп, Словачката, Петра Влхова се искачи на последното скалило на подиумот. Таа беше за 0,20 секунди побавна од Шифрин.

Во недела во Леви е закажан уште еден слалом за скијачки