Шевченко добро знае: На крајот, Македонците можеа да не казнат!

Селекторот на Украина, Андриј Шевченко, по победата над Македонија, истакна дека нашата репрезентација одиграла храбро и солидно.

Двата гола Украина ги постигна во првиот дел, додека голот за Македонија падна во вториот дел, од пенал, за подоцна да имаме уште неколку навистина зрели шанси.

Првиот дел бевме одлични, вториот дел беше лош за нас и тоа можеше скапо да не чини. Пропуштивме да реализираме пенал, што придонесе за дополнителна нервоза кај нас. Имавме шанси и многу порано да го затвориме натпреварот, но не го направивме тоа“.

„Македонците на оваа средба одиграа квалитетно и покажаа карактер при резултат 2:0. Можевме да бидеме казнети на крајот. Но и покрај се, задоволен сум со победата“, истакна Шевченко.